Петар Печков
Објавено: сабота, 25 јули 2015
Одвреме навреме некаде ќе прочитате дека книгата за Хари Потер е најпопуларната книга на сите времиња. Или како е од неа единствено попопуларна Библијата. Меѓутоа, вистината е дека серијалот книги за малиот волшебник се наоѓа дури на петтото место, додека Библијата го зазема второто место.
Најпопуларната книга на сите времиња е Кура́нот (Коран). Кура́нот е преведен на 50 различни јазици, има речиси 400 изданија и е испечатен во повеќе од три милијарди примероци – што чини да биде најпопуларна книга во историјата. Второто место го зазема Библијата, која е испечатена во 2.5 милијарди примероци. Интересно е дека на третото место се наоѓа книгата со цитати на Мао Цетунг, прочуениот кинески политичар.
Четвртото место го зазема Мигел де Сервантес со неговото ремек дело – "Дон Кихот" и повеќе од 500 милиони примероци. Дури на петтата позиција се наоѓа момчето-волшебник и тоа целата серија (што би можело да се смета за измама) која е испечатена во повеќе од 450 милиони примероци. Делото на Толкин, "Господарот на прстените" е на седмата позиција, "Хобитот" на 12-тото, а "Кодот на Да Винчи" стигна до 15-тото место, а потоа се нижат некои од поголемите дела како "Одисеја", "Однесено со виорот", "1984", "Гордост и предрасуди", "Робинзон Крусо" ...
Tweet |